Промотивна понуда за мали и микро компании

Bez autora
May 16 2013

Стопанска банка ја збогати својата понуда на промотивни каматни стапки од 8% годишно за кредитна линија - револвинг и инвестициски кредити во МКД валута за кредитирање на микро и мали компании. Промотивната каматна стапка е гарантирана за една година и понудата е валидна во зависност од приходите на правното лице. Промотивните каматни стапки важат за сите доставени и одобрени барања во периодот од 15 мај до 15 јули 2013 година. Малите и микро компании се најбројни во секоја економија и претставуваат извор на идеи, прогресивност, претприемништво и развој на целокупната економија. Покрај тоа што нудат поддршка за големите компании со своите специјализирани услуги, овие компании воведуваат побрзо и полесно иновативни производи и услуги со коишто се задоволуваат разновидни потреби во општеството.

Промотивна понуда за мали и микро компанииСтопанска банка ја збогати својата понуда на промотивни каматни стапки од 8% годишно за кредитна линија - револвинг и инвестициски кредити во МКД валута за кредитирање на микро и мали компании.

Промотивната каматна стапка е гарантирана за една година и понудата е валидна во зависност од приходите на правното лице. Промотивните каматни стапки важат за сите доставени и одобрени барања во периодот од 15 мај до 15 јули 2013 година.

"Малите и микро компании се најбројни во секоја економија и претставуваат извор на идеи, прогресивност, претприемништво и развој на целокупната економија. Покрај тоа што нудат поддршка за големите компании со своите специјализирани услуги, овие компании воведуваат побрзо и полесно иновативни производи и услуги со коишто се задоволуваат разновидни потреби во општеството. Токму затоа, Стопанска банка постојано работи на унапредувањето на финансиската поддршка што ја обезбедува за овие компании. Секако, банката првенствено нуди советување во изработката на кредитната документација и успешното образложување на бизнис-планот како и евалуација на квалитетот на проектот за кој се бара кредитот. Оваа помош е драгоцена за нашите клиенти кои најчесто управуваат со фамилијарен, мал бизнис во кој недостасува експертиза за управување на финансиите", соопштуваат од Стопанска банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik